5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвтина струја, недостапен гас – трошиме три пати повеќе енергија од европскиот...

Евтина струја, недостапен гас – трошиме три пати повеќе енергија од европскиот просек

Energy333

Граѓаните и компаниите имале помали трошоци за енергенси во првите шест месеци од годинава во споредба со истиот период лани. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) цената на струјата за домаќинствата била пониска за 1.65% и изнесувала 5.02 денари по KWh.

За фирмите, пак, се движела од 3.14 до 8.27 денари по KWh во зависност од големината на потрошувачите со што била пониска од 0.32% кај најмалите до речиси 14% кај поголемите.

poeftina-struja

Од 1 јули годинава цените на електричната енергија за домаќинствата повторно се намалија, но само за 0.25%. Според Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) причина за тоа беа помалите трошоци што ги пријавиле компаниите.

Просечната цена на природниот гас без ДДВ за индустријата, пак, била од од 14.09 до 16.80 денари по nm3, повторно во зависност од потрошувачката. Таа била пониска од речиси 4% кај помалите до нешто над 18% кај големите.

Според ДЗС во јуни вкупната потрошувачка на енергија во Македонија била 537.426 МWh електрична, 3.754 милиони nm3 природен гас, 281.551 тони јаглен и 114.698 тони нафтени продукти.

gasovod

68.1% од вкупната потрошувачка на енергија била задоволена од домашно производство, а остатокот преку увоз, пред се во форма на нафтени деривати и природен гас.

Според податоците на публикацијата „Одржлив развој“ која исто така ја изработи ДЗС македонската економија троши три пати повеќе енергија од европскиот просек за да го постигне истиот резултат.

raf333

На 1.000 евра додадена вредност во земјава се вложуваат 340.5 кгне (нормализирана единица енергија), а на ниво на Унијата се вложуваат 122 кгне.
Полошо од Македонија стојат само Естонија со 386.4 кгне, Србија со 441.9, Бугарија со 448.8 и Исланд со 551.5 нормализирани единици енергија.
Сепак, земјава има тенденција на подобрување на состојбата. Бројките секоја година се пониски во однос на претходната. Во 2014-та потрошувачката била 340.5 кгне, во 2013-та 363.7, во 2012-та 411.0, а во 2001-та дури 605.5 кгне.

„Намалената енергетска интензивност значи помало количество на енергија потребно за производство на ист аутпут, што е поврзано со енергетската ефикасност… Високата енергетска потрошувачка е резултат на високата енергоинтензивност на капацитетите – носители на економскиот раст. Речиси една третина од потрошувачката на електрична енергија е резултат на високоенергетските интензивни индустрии“ стои во образложението од публикацијата на ДЗС.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП