2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзлегува ли златото од мода за централните банки?

Излегува ли златото од мода за централните банки?

goldic 33

Замислете дека имате толку многу злато, така што сте изгубиле желба за повеќе.

Централните банки во светот покажаа навидум неугаслива жед за злато од 2010-та година, градејќи огромна ризница на благородни метали. Но сега се појавуваат знаци на благ замор од страна на овие државни институции, пишува „CNN“.

Купувањето на злато од страна на светските централни банки се намалуваат за 40% во вториот квартал, покажува статистиката на „World Gold Council“. Последниот квартал всушност беше обележан со најслабата стапка на купување на злато од страна на централните банки од 2011-та година, се наведува уште во статистиката.

Но, зошто изгледа како златото да излегува од мода за централните банки?

„World Gold Council“ забележува намалување на интересот во последните месеци од централните банки на новите пазари. Ова веројатно е одраз на помалата вредност на доларот за инвестирање во земјите во развој, каде што извозот падна од ниските цени на суровини како нафта, бакарот и железната руда.

Друг проблем е што цената на жолтиот метал се зголеми нагло. Цената на златото скокна за 24% во текот на оваа година, благодарение делумно на напади на турбуленции на финансиските пазари, кои предизвикаат страв кај инвеститорите да бегаат кон алтернативи. А има тенденција златото да се претставува добро за време на моменти на нестабилност.

Добро е дека вредноста на златото, акумулацијата од централните банки, исто така се зголемува. Тие веќе поседуваат многу од него – златото сега претставува 3% од вкупните резерви на централните банки на новите пазари, што е пораст во однос на нула нивоата во 2007-ма година.

Сепак, некои централни банки всушност сакаат да ги намалат своите златни средства како што се централните банки во Германија, Јордан и Украина, така што продаваа злато во вториот квартал, посочува уште „CNN“.

Инаку, банките поседуваат неверојатни 32,800 тони злато, што е еднакво на околу 1,4 илјади милијарди долари, највисоко ниво од 2013-та година, според податоците на „World Gold Council“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП