13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната го намалува бројот на невработени

Еврозоната го намалува бројот на невработени

nevrabotenievrozona468484

Невработеноста во еврозоната во јули беше нешто над 10 проценти, колку и претходниот месец, но падна во однос на минатата година.

Евростат соопшти дека невработеноста во јули била на сезонски прилагодените 10,1 проценти, додека во истиот месец во 2015 година таа изнесувала 10,8 проценти.

Во целата Европска унија невработеноста изнесува 8,6 проценти, колку што изнесуваше и во јуни. Во јуни минатата година невработеноста во ЕУ изнесувала 9,4 проценти.

Евростат проценува дека во Европската унија без работа во јули биле 21,07 милиони луѓе, што е за 29.000 лица повеќе отколку во претходниот месец. Во однос на минатата година невработеноста е за 1,69 милиони помала.

Најмала невработеност има на Малта – 3,9 проценти, потоа во Чешка и Германија по 4,2 проценти. Најголема невработеност има во Грција (23,5 проценти во мај) и Шпанија (19,6 проценти).

Над десет проценти невработеност има и во Франција – 10,3, Португалија – 11,1, Италија – 11,4, Кипар – 11,6 и Хрватска – 13,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП