18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСмена на генерација: По 7 години, заминува првата Panamera

Смена на генерација: По 7 години, заминува првата Panamera

last panamera 00

Последниот примерок од првата генерација на „Porsche Panamerа“ излезе од фабриката во Лајпциг, пред стартот на производството на неговиот наследник.

Втората генерација на „Porsche Panamerа“ беше претставена на 28-ми јуни во Германија.

Во производната програма на германската компанија „Panamera“ влезе во април 2009-та година, а во текот на овие седум години од фабричката лента на погонот во Лајпциг слегоа 164.503 примероци од овој автомобил. Последното возило беше сина „Panamera GTS“ од фотографијата.

last panamera 01

Во времето кога се појави, „Panamera“ , како атипичен автомобил за компанијата „Porsche“, предизвика поделени реакции од страна на публиката, исто како што и „SUV Cayenne“ неколку години претходно. Многу фанови на „Porsche“ сметаа дека се нарушува репутацијата на брендот, кој со децении беше препознатлив по спортските модели.

Сепак, „Panamera“ брзо го пронајде патот до купувачите ширум светот, а најпопуларна беше во САД и Кина, каде заврши половина од сите произведени возила.

Инаку, првата генерација во целост не се изработуваше во Лајпциг. „Школката“ е направена во фабриката на „Volkswagen“ во Хановер, а составувањето на останатите компоненти се извршуваше во Лајпциг.

last panamera 02

Наследникот, кој е претставен во јуни 2016-та, во целост ќе се произведува во Лајпциг, заедно со моделите „Macan“ и „Cayenne“.

Иако дизајнерски еволуираше од претходникот, втората генарација механички е сосема нов автомобил. Тој е заснован на новата „MSB“ механичка платформа, а во овој модел дебитира и „twin-turbo V8“ моторот, кој најпрво ќе се најде во „Panamerа“, за подоцна да се користи и во некои други возила од „VW“ групацијата.

„Panamera 2“ светска премиера ќе има на претсојниот париски саем за автомобили, а до крајот на 2016-та година ќе пристигне и во продажните салони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП