26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМоторот на Јапонија зашкрипи во јули

Моторот на Јапонија зашкрипи во јули

198545729457c68a79bd25f737024992_w640

Јапонското индустриско производство стагнираше во месец јули во однос на претходниот месец, според објавените податоци на Министерството за економија, трговија и индустрија.

Нулта растот во јули доаѓа по експанзијата на индустриското производство во јуни од 2,3 проценти, а остварениот резултат е полош од очекувањата кои во анкетата на „Блумберг њуз“ предвидуваа пораст од 0,8 проценти.

Како што пренесува агенцијата Франс прес, овој лош резултат следеше по низата разочарувачки економски показатели кои го вклучија алармот за опасност во третата најголема економија во светот, која во вториот квартал од оваа година застана.

Падот на потрошувачката на домаќинствата, слабиот извоз и потфрлањето на инфлацијата зададоа удар врз јапонската војна против дефлацијата, а тоа, како што оценува француската агенција, ќе изврши дополнителен притисок на Банката на Јапонија да отпочне со новиот бран на олеснувања за поттикнување на растот.

Испораките на стока во јули се зголемени за 0,9 проценти, наведе Министерството, што е значително побавно од растот од 1,7 проценти забалежан претходниот месец.

Јапонија регистрираше нулта економски раст во кварталот април-јуни, бидејќи слабата побарувачка во странство и падот на потрошувачката на компаниите ги загушија деловните активности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП