25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКои земји купуваат американска нафта?

Кои земји купуваат американска нафта?

oil money 33

Во почетокот на 2016-та година беше укинато 40-годишното ембарго за извоз на нафта од САД. Така само за првите шест месеци од 2016-та година, најголемата економија во светот извезе 87 милиони барели нафта и кондензат до 17 земји во светот.

Референца на „Bloomberg“ на база на податоци од ЦИА покажува дека најмногу нафта е изнесена кон Канада – 53,5 милиони барели, проследена со Куракао (8.68 милиони барели) и Холандија со 6 милиони барели.

3221

Британија купила 2,8 милиони барели нафта, а Јапонија и Италија – односно 2.6 и 2.3 милиони барели. Маршалските Острови и Франција увезле односно 2.1 и 1.7 милиони барели, додека Бахамите и Кина купиле 1,5 и 1 милиони барели.

Американската лесна сурова нафта денес се тргува на ниво од 46.28 долари за барел. Само неколку часа пред крајот на месец август растот е од 11,5%. Во основата на овој раст е престојниот состанок на земјите членки на „ОПЕК“, на кој најверојатно главна тема ќе биде донесување на мерки, вклучувајќи намалување на производството, за да може цената на црното злато да продолжи со рехабилитацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП