18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлок трансакција со акцијата на Макпетрол

Блок трансакција со акцијата на Макпетрол

mk berza224

Слично како и во понеделникот, и во вторникот најтргувана беше акцијата на Макпетрол.

Преку системска блок трансакција се истргуваа 1.044 лотови по цена од 25.000 денари, додека во класичното тргување се истргуваа 44 лотови, при што цената се движеше од 25.500 до 25.700 денари.

Тргувањето со Макпетрол претставуваше 82 отсто од вкупниот промет на Македонската берза во вторничкото тргување кои изнесуваше 33,2 милиони денари.

Комерцијална банка АД Скопје, исто така, направи промет над милион денари, со вредност од 2,2 милиони денари, при што се тргуваше по цена од 2.476,32 денари, а цената порасна за 0,89 отсто.

Според бројот на трансакции на прво место е акцијата на Алкалоид, каде во 14 трансакции се истргуваа 150 лотови по просечна цена од 5.381,95 денари.

На официјалната страна на Македонската берза своите полугодишни извештаи за 2016 година, вчера ги објавија Макпетрол, Оилко, Ветекс и ФЗЦ 11 Октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП