4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКраен рок за пријавување на штетите од поплавите е 2 септември

Краен рок за пријавување на штетите од поплавите е 2 септември

поплави

Краен рок за пријавување на настанатите штети од поплавите е петок, 2 септември 2016 година, заклучно со крајот на работното време во 16:30 часот, информираат од Владата.

Сите лица од населените места Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Економија, Ченто, Брњарци, Страчинци, Виниче, Црешево, Булачани, Раштански пат, Смилковци, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Шипковица, кои досега ги немаат пријавено штетите од поплавите кои се случија на 6 август 2016 година, истото може да го направат во општините Гази Баба, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Тетово, или пак во подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство во Гази Баба и Тетово, заклучно со 16:30 часот во петок, 2 септември 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП