10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОланд: Преговорите за Brexit мора да завршат до 2019-та година

Оланд: Преговорите за Brexit мора да завршат до 2019-та година

франсоа

Францускиот претседател Франсоа Оланд во вторникот изјавил дека преговорите за британското напуштање на Европската унија (ЕУ) мора да завршат до 2019-та година, и дека одлуката за напуштањето на Унијата е неповратна, пренесуваат светските агенции.

„Се мора да биде готово до 2019-та година. Таа одлука значи дека Британија, кога веќе ќе си отиде, нема да може да учествува во европското одлучување. Нема да има пристап до единствениот пазар доколку не ги прифати четирите слободи, сите прописи и буџетската солидарност“, истакнал Оланд на состанок со странските амбасадори.

Францускиот претседател додал дека британската премиерка Тереза Меј мора да донесе тешка одлука за која е потребно време, но дека не може да го одолговлекува почеток на преговорите за излегувањето. „Одолговлекувањето не би било добро нити за Британија, нити за Европа“, порачал Оланд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП