13 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕMитови за целулитот кои морате веднаш да ги заборавите

Mитови за целулитот кои морате веднаш да ги заборавите

cellulite-buccia-d-arancia_o_su_horizontal_fixed

Целулитот, односно дупчињата и неправилностите на кожата, го мразат сите жени, а одењето на плажа и соблекувањето по бикини за сопственичките на кората од портокал е вистински кошмар. Ако сакате да се ослободите од омразениот целулит прво морате да заборавите на овие 4 најчести митови во кои многу жени цврсто веруваат.

1. Од целулитот можете да се ослободите со триење на антицелулитна крема во кожата

Без разлика колку производителите на крема против целулит ви ветуваат врвни резултати, станува збор само за илузија која нема никаков долгорочен и голем ефект. Кремите можат многу успешно да ја нахранат кожата и да ја направат мазна и затегната, но целулитот е длабински проблем и станува збор за ткиво на кое кремите немаат никакво влијание.

2. Скапите третмани и Спа понудите можат да гарантираат резултати

Супер понудите на пакети на често непријатни и болни третмани се се почести, но и во оваа ситуација станува збор само за еден чекор во решавање на целулитот. Станува збор за површинско мазнење на кожата и дренажа која не е решение, туку само камуфлажа која не трае вечно.

3. Целулитот е генетско наследство од вашата мајка

Иако многу жени само ќе се насмеат, станува збор за многу популарен мит во кој многумина веруваат, но не е вистина. Ако мајката и ќерката имаат ист проблем кој се поврзува со кората од портокал, тоа најчесто е проблем во недостатокот на вежбање, работата која ја работат и исхраната, а не за гените.

4. Целулитот ви останува до крајот на животот и не можете да се ослободите од него на било која возраст

Со оглед на тоа што целулитот доаѓа со опуштените мускули, овој проблем може да се ублажи и реши во било кој период од животот. Пешачењето, трчањето, возењето со велосипед или други видови на вежби за зајакнување на мускулите на задникот и бутовите можат да го решат овој проблем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП