9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖенева предлага намалување на корпоративниот данок до 13,49%

Женева предлага намалување на корпоративниот данок до 13,49%

1122

Женева нуди намалување на корпоративниот данок, откако швајцарскиот кантон – дом на речиси 1.000 мултинационални компании, се обидува да си создаде привлечна слика заради притисокот на Европската унија да се откаже од преференцијалните даночни договори со странски компании, пишува „Bloomberg“.

Женева планира да ја намали стандардната даночна стапка до 13,49% од 24,2%, соопшти владата на кантонот. Иако ова е над просечната преференцијална стапка од 11,6%, што во моментов се нуди на многу странски компании, новиот режим ќе ја зајакне конкурентната позиција на швајцарскиот град, посочува „Credit Suisse“.

Швајцарскиот кантон сака да ја подобри сликата во позадина на реципрочните ветрови предизвикани од силниот франк, стравувањата за имигрантските квоти и отстранувањето на банкарската тајна. Мултинационалните компании од „Procter & Gamble“ до трговецот на суровини „Mercuria Energy“ придонесуваат со 76.000 работни места и 40% од економијата на Женева.

„Целта на реформата е да се одржува вработеноста во кантонот“, изјави за новинарите Пјер Моде, шеф на одделите по безбедноста и економијата на кантонот.

Даночна стапка од околу 13% ќе ја премести Женева за 13 места напред, претворајќи ја во третиот од најатрактивните од сите 26 швајцарски кантони по Цуг и Цирих, тврди „Credit Suisse“ во студија од февруари. Франција, која се граничи со кантони на југ, исток и запад, има даночна стапка од 33,33%, покажуваат податоците на „KPMG“.

За привремен период од пет години даночната стапка ќе биде малку повисока – 13,79%, додека Женева се прилагодува на новиот режим, соопштија од кантонот. Во овој период ограничувањата за дефицитот ќе бидат релаксирани.

Новата даночна структура ќе остави по пресметките дупка од 440 милиони франци (449 милиони долари) во финансиите на Женева, велат од кантонот. Овој предвиден дефицит предизвика стравувања дека услугите за населението на Женева од речиси половина милион луѓе ќе бидат намалени, коментира Роман де Сен Мари, шеф на Социјалистичката партија во парламентот на кантонот.

Опозицијата е против новата стапка од левите политички партии, па најверојатно ќе доведе до референдум.

„Сигурно ќе има јавно гласање во врска со ова прашање“, вели Антонио Ходџерс кој раководи со одделот за домување и енергетиката.

Консултациите во врска со предлогот за оданочувањето почнуваат сега и ќе траат до 14-ти октомври, соопшти владата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП