3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ Франција против TTIP: Ни нудат само „трошки“

И Франција против TTIP: Ни нудат само „трошки“

70478173157c54f5ae655c451491061_w640

Францускиот државен секретар за надворешна политика Матијас Фекл вели дека Франција сака прекин на преговорите меѓу ЕУ и САД за надворешната трговија.

Обвинувајќи ја американската страна дека во преговорите нуди „трошки“, Фекл вели дека Франција ќе побара од Европската комисија да ги запре преговорите со САД.

Барањето, како што наведе, ќе биде упатено на состанокот на министрите за трговија на ЕУ кој ќе биде одржан следниот месец во Словачка.

Фекл вели дека мора јасно да се дефинира чист и конечен прекин на преговорите околку предложениот договор.

Според неговите зборови, разговорите би можеле да бидат продолжени со цел подобрување на трговските односи на ЕУ и САД.

Германскиот министер за економија Зигман Габриел изјави дека преговорите за слободна трговија меѓу ЕУ и САД де факто се пропаднати, но американските претставници наведуваат дека во преговорите е постигнат благ напредок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП