Рускиот гасен гигант Газпром забележа пад на нето добивката од 17 проценти во вториот квартал од 2016 година поради големите трошоци од работењето кои го неутрализираа растот на приходите.
Рускиот државен гигант оствари нето добивка од 245 милијарди рубљи (3,4 милијарди евра) во периодот од април до јуни, соопштија од компанијата, пренесува агенцијата Франс прес.
Како што се наведува во соопштението на компанијата објавено во понеделник, Газпром забележа раст на трошоците од 16 проценти, а истовремено претрпе и негативни ефекти од промената на девизните курсеви.
Сепак, ове негативни влијанија се ублажени со поголемите приходи од очекуваните, кои во извештајниот период достигнаа 1,327 милијарди рубљи.
Извозот во Европа, најголемиот пазар за Газпром, порасна за 19 проценти, и покрај настојувањата на Европската унија да обезбеди снабдување со гас од други извори.
Газпром изгуби некои домашни пазари и престана да продава гас во Украина поради напнатоста меѓу Киев и Москва, наведува француската агенција и додава дека продажбата сепак и таму пораснала за осум проценти во однос на првиот квартал лани, на 1,755 милијарди рубљи.