27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА3 деловни лекции кои можете да ги научите од Шерил Сандберг, извршниот...

3 деловни лекции кои можете да ги научите од Шерил Сандберг, извршниот директор на Фејсбук

Sheryl-Sandberg-640x330

Шерил Сандберг по студиите на Харвард работела во Светска банка, а во 2000 година се преселила во Силиконската долина каде седум години работела за Гугл. Како извршен директор за онлајн продажба и операции во Гугл – Шерил останала до 2008 година, кога веќе етаблирала во експерт со висока репутација на една од најуспешните дами во индустријата.

Во 2008 година стана дел од Фејсбук тимот, ја основала и иницијативата Together We Can, која ја слави моќта на меѓусебна поддршка на жените. „Сите сакаме исто: да се чувствуваме добро поради одлуките и изборот кој го правиме и да се чувствуваме признаени од луѓето кои се околу нас“ – напиша таа. Во продолжение ви претставуваме 3 совети од оваа инспиративна дама.

Искористете го стравот како сопствената сила

Можете да бидете шеф но и понатака да бидете преплашени, да посакувате сите да се чувствуваат удобно. И тоа е чудна поделба. Вие сте надредени, но и понатаму имате обврски кон другите луѓе. Шерил во една прилика призна дека тоа е поврзано со нејзината самодоверба. „Сеуште се борам со својата самодоверба, додека се чини дека моите колеги мажи ниту малку не се колебаат кога луѓето не се сложуваат со нив. Отсекогаш сум сакала сите да ме сакаат, дури и кога сум знаела дека е невозможно сите да се согласуваат со мене и дека морам да донесувам тешки одлуки“.

Морате да најдете деловни партнери на кои им верувате

„Јас сум така возбудена околу оваа компанија, бидејќи мораме да препознаеме и да бидеме свесни колку жените се поддржуваат едни со други. Кери Вашингтон говореше колкаво влијание имала Шонда Рајмс на нејзината кариера. Јас и Лори Глоер во Фејсбук сме веќе осум години. Кога гледате на успешните жени, тие мораат да се поддржуваат една со друга, тие стигнале таму каде шти се токму поради таквите жени“.

Стојте зад своте цели поради вистинските причини

„Здраво работно опкружување, без осудување и исполнето со љубезност – тоа се некои од целите зад кои морате да стоите на работното место“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП