26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманска трговска асоцијација ja намали прогнозата за извозот во 2016-та

Германска трговска асоцијација ja намали прогнозата за извозот во 2016-та

iz germanijja

Германската трговска асоцијација „BGA“, ја намали прогнозата за извозот во 2016-та година, бидејќи се очекува продажбата во странство од најголемата европска економија да стагнира поради одложениот ефект од „Brexit“, соопшти „Ројтерс“.

Според претседателот на Сојузното здружение на дилери, извозниците и услужниот сектор Антон Бјорнер побарувачката на германски стоки е одложена значително по одлуката на мнозинството Британци нивната земја да ја напушти Европската унија. Според него ова решение е еден од факторите кои ја зголемуваат неизвесноста и ги комплицира инвестициските одлуки.

„Рефлексиите на „Brexit“ ќе ни влијаат значително во блиска иднина“, вели Бјорнер.

Ефектите допрва ќе се почувствуваат кај извозот, кој според прогнозите на „BGA“ од април ќе се зголеми за 4,5% во оваа година. „Сега мислам дека остварливиот раст оваа година ќе биде помеѓу 1,8 и 2%“, вели Бјорнер.

Извозот, кој е традиционално моторот на германската економија, се зголеми за 6,5% во 2015-та година, но според претседателот на „BGA“ изгледите за 2016-та година се слаби. „Извозот претстои да стагнира, веројатно дури во 2017-та година, ако сме песимисти“, смета тој.

Следната недела Германија ќе ги објави податоците за трговијата во јули, наведува „Ројтерс“.

Растот на германскиот извоз за Велика Британија, третиот по важност пазар стагнира на годишна база во првото полугодие на ниво околу 44,8 милијарди евра.

За истиот период, извозот за САД и Франција се намали соодветно со 4% до 53,4 милијарди евра и со 2% до 52,1 милијарди евра.

Побарувачката од растечките пазари беше депресивно, при што извозот на Кина се зголеми за само 1%, а таа за Бразил се намали за речиси една петтина.

Моторот на растот во 2015-та година беше стабилно пребарување од други земји членки на ЕУ. Нето трговија додава 0,2 процентни поени кон растот на БДП-то, кој беше 1,7%. Германската влада очекува ова темпо да се задржи и во 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП