18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкцијата на Макпетрол најтргувана

Акцијата на Макпетрол најтргувана

македонска-берза

Првиот трговски ден седмицава го одбележа тргувањето со акцијата на Макпетрол.

Оваа акција имаше учество од дури 38,6 отсто во вкупниот промет, при што се истргуваа 110 лотови во 12 трансакции по просечна цена од 25.492,73денари, или плус од 1,97 отсто.

Најголем поединечен раст забележаа обичните акциии на Окта, со количество од 22 акции по цена од 1.630 денари, и приоритетните акции на Стопанска банка Скопје, со количество 5, по цена од 484 денари, и тоа 9,99 и 10 отсто, соодветно.

Вкупниот промет изнесуваше 7,25 милиони денари и се резализира во 53 трансакции. Индексот МБИ10 порасна за 0,40 отсто, на 1.962,93 поени, додека ОМБ ја намали својата вредност за 0,31 отсто, на 126,97 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП