27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple најави презентација на новите производи

Apple најави презентација на новите производи

ејпл

Американската компанија Apple во понеделник испрати покани за презентација на производи што ќе се одржи на 7 септември, кога треба да биде претставен новиот модел на iPhone.

Како и обично, на поканата само е наведено местото и датумот, но не и што ќе биде презентирано.

Но, датумот се поклопува со периодот кога Apple секоја година ги претставува своите нови модели на iPhone, за да стигнат на пазарите на време за новогодишните и божикните празници.

Според гласините што кружат неколку месеци, една од новините на новиот iPhone 7 ќе биде отфрлањето на 3,5 милиметарскиот конектор во кој традиционално се вклучуваа слушалките.

Со тоа, корисниците ќе бидат принудени да инвестираат во безжични „блутут“ слушалки или да користат адаптер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП