26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСигналите за подигнување на каматите во САД го поддржаа доларот

Сигналите за подигнување на каматите во САД го поддржаа доларот

dolares 3

Американскиот долар во понеделникот го достигна највисокото ниво во однос на јапонскиот јен и швајцарскиот франк во последните три седмици во слабото тргување на меѓународниот пазар на валути, откако високи функционери на американската централна банка Fedеral Reserve (Fed) ги поткрепија очекувањата за можно скорешно зголемување на клучните каматни стапки.

Доларот во однос на еврото зајакна за 0,25 отсто, на 1,1163 долари за евро. Беше во плус и во однос на јенот и на швајцарскиот франк, достигнувајќи го највисокото ниво во последните три седмици од 102,39 јени, односно 97,94 сентима.

Доларов индекс во однос на кошницата на другите шест важни светски валути од земјите главни трговски партнери на САД го достигна највисокото ниво во речиси две седмици, од 95,608 поени.

На крајот од минатата седмица во фокусот на пазарот беше неформалниот собир на централните банкар во американскиот Џексон Хол и сигналите на гувернерите на американскиот Fed за можниот датум за заострување на американската монетарна политика. Вниманието и во понеделникот беше насочено кон овој собир, иако тргувањето беше слабо, поради неработниот ден во Велика Британија.

Американската гувернерка Џенет Јелен порача дека аргументите во прилог на подигнувањето на клучните каматни стапки во САД зајакнале во претходните месеци, имајќи ја предвид подобрата состојба на пазарот на трудот и во економијата воопшто. Јелен не споменуваше рокови, но вицегувернерот Стенли Фишер рече дека нејзиниот говор е во согласност со очекувањата според кои каматните стапки би можеле да бидат подигнати уште оваа година.

Судејќи според податоците од пазарот, трговците денеска проценуваат дека шансите оти Fed ќе го подигне каматите веќе во септември пораснале на 30 отсто, од 18 проценети колку според нивните процени изнесуваа во петокот пред говорот на Јелен. Шансите за подигнување во декември се проценети во понеделникот на малку повеќе од 60 отсто, а во петокот изнесуваа 57 отсто.

И покрај зачестените сигнали од Fed изминатите денови кои упатуваат на заострување на американската монетарна политика, шпекулантите во изминатата седмица ги намалија нето позициите во долари на најниското ниво од првата половина на јули. Загриженоста за кондицијата на американската економија уште е изразена, а дополнително во петокот ја истакна благо намалената службена процена за растот на бруто домашниот производ во вториот квартал од 1,2 на 1,1 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП