22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбилното снабдување и силниот долар ја притиснаа нафтата близу 49 долари

Обилното снабдување и силниот долар ја притиснаа нафтата близу 49 долари

русија-нафта

Цените на барелот нафта се лизнаа на меѓународните пазари во понеделникот кон 49 долари, притиснати од високото ниво на производство кај блискоисточните членки на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и посилниот американски долар.

На лондонскиот пазар центата на барелот падна за 62 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 49,30 долари. На американскиот пазар, пак, со барелот се тргуваш за 60 центи пониска цена, од 47,04 долари.

Одвоено OPEC во понеделникот објави дека референтната цена барел од кошничката негова нафта во петокот изнесувала 45,75 долари, што значи дека пораснала за 47 центи во однос на затворањето на тргувањето во четвртокот.

Ирак во август го зголемил извозот на сирова нафта од пристаништата на југот од земјата, а надлежното министерство најави и натамошно интензивирање на производството. Најголемиот извозник во светот Саудиска Арабија, пак, го задржа во август производството во близина на рекордното ниво.

Изјавите за високите нивоа на производство ги придушија очекувањата дека OPEC и производителите надвор од овој картел како Русија, би можеле во септември да договорат заеднички мерки за поддршка на цените, како што е замрзнување на нивото на производството. Сличниот обид во април годинава заврши со неуспех.

„Сé поверојатно е дека пазарите ќе го пренебрегнат исходот од септемвриските разговори, имајќи предвид дека дури и доколку биде постигнат договор за замрзнување на производството ќе се постави прашањето за неговото почитување“, сметаат аналитичарите на банката „Barclays“.

Членките на OPEC би требало неофицијално да се сретнат на маргините на Меѓународниот енергетски форум кој ќе се одржи во Алжир од 26-ти до 28-ми септември, На тој собир би требало да биде претставена и Русија.

Дополнително, на почетокот од новата седмица, цените на нафтата беа притиснати и од силниот американски долар, кој во однос на јапонскиот јен го достигна највисокото ниво во последните три седмици, откако американската централна банка ги поттикна очекувањата дека наскоро ќе ги подигне клучните каматни стапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП