12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКлиматските промени ќе ги преполоват плантажите со кафе

Климатските промени ќе ги преполоват плантажите со кафе

Granos_de_café_en_una_bolsa

Климатските промени би можеле да остават и премногу горчлив вкус во устите на љубителите на кафето, се сугерира во австралиски климатски извештај од понеделникот, бидејќи се предвидува дека до 2050 година ќе бидат преполовени областите кои се погодни за одгледување на растението кафе.

Тоа значи дека со овој проблем ќе бидат погодени 120 милиони луѓе кои живеат од индустријата на кафето, меѓу кои некои се најсиромашните светски заедниците, објави климатолошкиот институт во Сиднеј.

„Растот на температурите и екстремното време, како обилните дождови, ќе ги намалат за 50 отсто површините погодни за одгледување на кафето, истовремено ќе го намалат неговиот квалитет и ќе ја зголемат цената за потрошувачите“, се наведува во извештајот.

„Дел од одгледувачите ќе останат без приходи, а потрошувачите ќе се соочат со недостиг, повисоки цени и полоша арома“, вели шефот на институтот Џон Конор.

Климатските промени веќе сега влијаат врз одгледувачите во делови од Мексико, Гватемала и Никарагва, земји во коишто производството на кафе е една од клучните економски гранки. Сé повеќе има болести и штетници на плантажите, што, исто така, влијае врз приносите и врз квалитетот.

Индустријата на кафето во глобални рамки се проценува на 19 милијарди американски долари. Повеќе од 2,25 милијарди шолји кафе дневно се испиваат во светот, а производството тројно е зголемено во последните 50 годни.

Меѓутоа, меѓу 80 и 90 отсто од производителите на кафето се мали земјоделци, кои се најизложени на климатските промени. „Нивниот свет е загрозен“, предупредува Конор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП