12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија не сака да ѝ дозволи на Британија да ги задржи „убавите...

Германија не сака да ѝ дозволи на Британија да ги задржи „убавите работи“ од ЕУ

eu_3083694b

Германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел предупреди на опасноста која ја чека Европската унија (ЕУ) доколку напуштањето на Велика Британија не се направи на соодветен начин, пренесуваат светските агенции.

Габриел потенцирал дека „ЕУ ќе пропадне доколку и останатите земји се одлучат да го следат примерот на Велика Британија“, која очекува „да ги задржи сите убави работи кои ги нуди Европа, а да нема никаква одговорност“.

„Brexit е лош, но тоа нема да не чини нас толку многу од економски аспект, колку што ќе претставува психолошки проблем и потенцијално политички проблем. Доколку погрешно го организираме Brexit ќе имаме големи проблеми, затоа мораме да се погрижиме да не им дозволиме на Британците да ги задржат убавите работи од ЕУ, а притоа да немаат никаква одговорност“, рекол Габриел, кој е и германски министер за економија.

Германската канцеларка Ангела Меркел минатата седмица одржа низа разговори со останатите европски челници на темата Brexit и заклучокот е дека останатите земји од ЕУ мораат внимателно да се слушаат една со друга и да не брзаат со донесените поединечни политички одлуки. Во меѓувреме, пак, британската премиерка Тереза Меј оваа недела ќе започне со состаноци со британските политичарки за да се формира рамката за излегувањето од ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП