2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија има 2,56 милиони невработени

Велика Британија има 2,56 милиони невработени

jobgb1

Бројот на невработени лица во Велика Британија од декември до февруари се зголемил за 70.000 лица и сега изнесува 2,6 милиони, соопштија денес од британската Канцеларија за национална статистика ОНС.

Во соопштението се наведува дека стапката на невработеност се зголемила за 7,9 проценти.

Според податоците на ОНС, просечната плата се зголемила за 0,8 проценти во февруари, што е најниската стапка на раст од 2009 година.

Во соопштението се наведува дека и 900.000 лица останале без работа подолго од една година, што е за 8.000 лица повеќе од податоците кои беа истражени и преставени во претходниот квартал.

Бројот на невработени од 16 до 24 години е поголем за 20.000 и изнесува 979.000 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП