20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Македонија во групата земји со раст од два до четири проценти

ММФ: Македонија во групата земји со раст од два до четири проценти

business-growth-chart

Меѓународниот монетарен фонд во најновиот извештај за растот на економијата во оваа година Македонија ја рангира во земјите кои ќе имаат раст на БДП од два до четири проценти.

Меѓу земјите кои спаѓаат во оваа група се Турција, Полска и Естонија.

Од земите во регионот ММФ предвидуваат на Турција за 2,6 проценти годинава и 3,4 проценти наредната и 3,7 проценти во 2014 година, на Полска два проценти за годинава, 1,3 проценти за наредната и 2,2 проценти за 2014 година. Од регионот Србија ќе забележи пад од 1,8 отсто и Хрватска од два отсто за годинава, а за наредната година за Србија прогнозата е дека во наредните две години ќе има раст од два отсто. Во Хрватска позитивен раст се очекува во 2014 година од 1,5 отсто, а за идната година пад од 0,2 проценти.

Бугарската економија годинава ќе порасне, според најновиот извештај, за 0,8 отсто, наредната година 1,2 и во 2014 година 2,3 проценти.

Во групата во која ММФ ја вклучува Македонија, а во кои спаѓаат Турција, Полска, Романија, Унгарија, Бугарија, Србија, Хрватска, Литванија, Летонија, Албанија, БиХ, Косово и Црна Гор, новата проекција за растот на БДП за годинава е 2,25 проценти. За 2014 година предвидува раст од 2,8 отсто. Предвидува дека растот на светската економија ќе биде 3,3 проценти, а наредната 4 отсто.

ММФ објавува редовна прогноза за економскиот раст два пати во годината, на пролет и на есен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП