29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпаѓа темпото на вработување во ЕУ

Опаѓа темпото на вработување во ЕУ

2653

Во ЕУ опаѓа темпото на вработување – статистиката покажува дека секој шести невработен пронашол работа во првите три месеци од оваа година.

Работа пронашле 15,4 проценти од невработените во првиот квартал, односно три милиони лица, наведува Еуростат. Така, темпото на вработување е забавено во однос на четвртиот квартал лани, кога работа успеале да најдат 18 проценти од невработените, односно 3,5 милиони лица.

На почетокот на оваа година, 65,7 проценти од невработените од периодот од октомври до декември 2015 година, односно 13 милиони лица, останале невработени, а 18,9 проценти или 3,7 милиони прешле во статусот економско неактивно население.

Во тој период во ЕУ биле вработени 169,7 милиони лица.

Извештајот на Еуростат е врз основа на анкетата на работната сила во ЕУ и не ги вклучува податоците за Германија и Белгија, со кои европската статистичка канцеларија не располагала.

Меѓу 26-те земји членки на ЕУ, со чии податоци за првиот квартал од 2016 година Еуростат располагал, Данска е најдобра според темпото на вработување.

Така, секој трет невработен во таа земја – или 30,3 проценти од невработените нашле работа во првите три месеци од оваа година. Следи Шведска, каде работа нашле 22,5 проценти од невработените и Австрија со удел од 22,3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП