28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFiat Chrysler: Samsung Electronics е наш потенцијален стратешки партнер

Fiat Chrysler: Samsung Electronics е наш потенцијален стратешки партнер

magneti-marelli-samsung

Главниот извршен директор на „Fiat Chrysler Automobiles“, Серџо Маркионе изјави дека гледа во „Samsung Electronics“ потенцијален стратешки партнер. Неговиот коментар се појави во позадина на интересот од голем број на потенцијални купувачи кон делот на „Fiat“ за компоненти „Magneti Marelli“, соопштува „Bloomberg“.

„Имаме многу добри односи со „Samsung“, како како снабдувач, така и како потенцијален стратешки партнер“, коментира Маркионе во интервју за „Bloomberg Television“ во Рим. „Имам добри односи“ со заменик-претседателот на Samsung Electronics Ли Џеј Јон, бидејќи и двајцата сме членови на одборот на „Exor“, најголемиот акционер во „Fiat Chrysler“.

„Samsung“ е во напредни преговори за стекнување на дел или на целата единица „Marelli“, изјавија претходно овој месец извори запознаени со темата. Јужнокорејскиот производител на електроника се интересира поконкретно од бизнисот на „Marelli“ со тела за осветлување и уреди за забава во автомобилот, дополнуваат изворите кои посакале анонимност.

Маркионе, кој одбива да ги коментира намерите на „Samsung“, ќе има шанса да се сретне со Ли во понеделник, кога е закажана средба на одборот на „Exor“ во врска со разгледувањето на извештајот на компанијата за второто фискално тримесечје.

Преговорите на „Samsung“ со италијанско-американскиот производител на автомобили за договорот со „Marelli“ го одржи темпото во последно време во врска со разлики во проценката на компаниите, напиша „Maeil Business Newspaper“ на 25-ти август. Се очекува Ли да разговара за купување со Маркионе, кога директорот на „Samsung“ ќе ја посети Европа за седницата на одборот на „Exor“.

Маркионе изјави дека иако „Fiat Chrysler“ има неколку кандидати за делот за авто делови, тој не дал ниту еден коментар за договор со „Samsung“ по напишаното од медиумите. Истовремено истакна дека компанијата „не е заинтересирана само од продажба на „Magneti Marelli“ која има стратешка вредност“ за „Fiat“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП