9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПариз, Берлин и Варшава сакаат поблиска соработка по Брегзитот

Париз, Берлин и Варшава сакаат поблиска соработка по Брегзитот

пакт-сора

Германскиот, францускиот и полскиот министер за надворешни работи се заземаа во неделата за поцврсто поврзување на нивните земји што ќе придонесе за создавање пофлексибилна и поуспешна Европската унија, по одлуката на Велика Британија да ја напушти.

На собирот по повод 25-годишнината од ткн Вајмарски триаголник, дипломатски формат кој ги обединува Франција, Германија и Полска, шефовите на нивните дипломатии во заедничката изјава истакнуваат дека сакаат „да се фатат во костец со предизвиците со какви досега се немаат сретнато во Европската унија (…), да ја зајакнат соработката и да ѝ дадат нов поттик“.

Министрите Франк-Валтер Штајнамер, Жан-Марк Ејро и Витолд Вашиковси се обврзуваат дека ќе ги „зацврстат темелите на европската интеграција“ сакајќи сепак „пофлексибилна ЕУ која ќе ги одразува различните амбиции на земјите членки кога станува збор за интеграциите“.

Заземајќи се за „јакнење на надворешната и на безбедносната политика“ на ЕУ, тројцата министри предлагаат претседателите на државите и владите еднаш годишно да одржат состанок на „Советот за европска безбедност“. Со тоа, како што порачуваат, сакаат да покажа дека ЕУ може подобро како целина да одговори на безбедносниот предизвик и на мигрантската криза, како и да ги поттикне конкурентноста растот и отворањето на работни места.

Дипломатите и челниците на преостанатите 27 членки на ЕУ повеќепати се состануваа последните седмици за да постигнат консензус за иднината на Унијата по референдумот за излегување на Велика Британија, додека сé повеќе слабее интересот на граѓаните за ЕУ во некои земји членки. Самитот на ЕУ е планиран за 16-ти септември во словачката престолнина Братислава.

Меѓутоа, и натаму околу многу прашања не е постигната согласност, како што се политиката на отворање и распределба на мигрантите во ЕУ, што го посакува германската канцеларка Ангела Меркел, но на тоа се противат многу земји, во прв ред источноевропските членки, кои ги предводи Полска.

„Знаеме дека не е едноставно да се одговори на тие предизвици, но одлучни сме заедно да се вложиме во нивното решавање во духот на обновувањето на меѓусебната доверба“, оценуваат тројцата министри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП