3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАCitigroup: Победа за Трамп на изборите во САД може да доведе до...

Citigroup: Победа за Трамп на изборите во САД може да доведе до глобална рецесија

tram3

Евентуалното избирање на Доналд Трамп за претседател на САД може да доведе до хаос на пазарите и зголемена политичка несигурност, кои од своја страна ќе го поведат светот кон рецесија, предупредува инвестициската банка „Citigroup“, цитирана од „Bloomberg“.

„Победа за Трамп може да продолжи и евентуално да ја усложни несигурноста во поликата и да предизвика шок (иако најверојатно минливи) на финансиските пазари“, пишува тимот аналитичари, предводен од главниот економист на банката Вилем Баутер. „Се отежнуваат финансиските услови и дополнителното зголемување на несигурноста можат да предизвикаат значително забавување на американскиот, но и на глобалниот расте“, велат од „Citigroup“.

„Bloomberg“ потсетува дека Баутер предупредува за глобалната рецесија речиси една година, иако порано како причина го посочуваше забавувањето на кинескиот раст.

„Победата за Трамп може да го намали глобалниот економски раст од околу 0,7-0,8 процентни поени“, пишува уште во анализата.

Основното сценарио на „Citigroup“ предвидува Хилари Клинтон да победи на претседателските избори. Екипата на Баутер освен тоа дозволува појава на „против-ветрови“ пред економскиот раст кои доаѓаат од промени во политиките по изборите, без разлика кој од кандидатите ќе победи.

„Изборите може да бидат проследени со голем фискален стимул, најверојатно договор за зголемување на трошоците за инфраструктура, додека компаниите ќе можат да репатрираат странски добивки по пониска цена (при администрација на Клинтон или Трамп) или поради значителни даночни олеснувања (повеќе наскоро при Трамп)“, пишуваат уште економистите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП