5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Фискалните трошоци на земјите во јадрото на Европа ќе им помогнат...

ЕЦБ: Фискалните трошоци на земјите во јадрото на Европа ќе им помогнат на периферните

ecb-headquarters111

Фискалните трошоци од земјите од „јадрото“ на еврозоната, на пример Германија, ќе помогнат на послабите економии на периферијата од регионот во време кога каматните стапки на Европската централна банка (ЕЦБ) се нула, покажува извештај на банката, претставен во четвртокот.

Авторите ги поддржуваат фискалните стимуланси во јадрото на еврозоната, за да се изборат со ефектите од „структурните реформи“, кои привремено ги намалуваат цените и платите во периферните земји како Грција, Португалија и Шпанија.

Извештајот нуди дополнителни инструменти за претседателот на ЕЦБ Марио Драги, кој долго време ги повикува земјите да имаат корист од „фискалниот простор“, достапно согласно европските правила, и да го зајакнат темпото на реформите.

Неговиот повик засега е игнориран, а Германија, која има најголем буџетски дефицит од обединувањето во 1990-та година, не е склона да го отвори ќесето.

Студијата открива дека трошоците во земјите од јадрото, меѓу кои Германија, Франција и Холандија, ќе ја зголемат инфлацијата во еврозоната, на тој начин ќе се намалат трошоците за кредити за компаниите и домаќинствата во реални услови.

Ако каматните стапки на ЕЦБ останат нулта и покрај растот на инфлацијата, тоа ќе го стимулира локалното побарување во периферните економии, како и нивниот извоз кон земјите од јадрото, тврдат тројцата автори на извештајот.

„Фискалната експанзија во јадрото може да биде од корист на периферијата, ако монетарната власт не реагира на добиениот инфлациски притисок“, пишуваат во извештајот економистите од Шпанската централна банка Оскар Арсе, Самуел Уртадо и Карлос Томас – дел од работната група на ЕУ, кои се борат со најниската инфлација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП