11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на цените на Арцелормиттал ХРМ, Макстил, Адинг, Гранит, Комерцијална, Макпетрол

Раст на цените на Арцелормиттал ХРМ, Макстил, Адинг, Гранит, Комерцијална, Макпетрол

mk berza

Акцијата на Макпетрол во четвртокот „изненади” со количеството истргувани лотови, вкупно 146, по просечна цена од 24.675,99 денари, што претставува раст од 0,72 отсто.

Акцијата на оваа енергетска компанија се најде како првопласирана на листата од хартии со најголем промет, и тоа вкупно 3,6 милиони денари.

И со акцијата на Макстил беше истргувано поголемо количество, од 2.918 лотови, по просечна цена од цена од 69,00 денари, односно пораст од 9,51 отсто.

На страна на обврзниците, единствено тргувана беше РМДЕН15. Вкупно истргувани беа 9.240 лота и беше остварен промет од 2,2 милиони денари.

МБИ10 не застанува со растот и надминувањето на годишниот максимум, завршувајќи го вчерашниот трговски ден со пораст од 0,79 отсто,односно 1.946,83 индексни поени додека ОМБ порасна за минимални 0,02 посто и 127,37 индексни поени.

Денот заврши со промет од 7,4 милиони денари преку 48 реализирани трансакции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП