6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентралната банка на Исланд ја намали основната каматна стапка за прв пат...

Централната банка на Исланд ја намали основната каматна стапка за прв пат по 20 месеци

ICELAND-FINANCE-BANKING-CENTRAL BANK

За прв пат по 20 месеци Централната банка на Исланд ја намали основната каматна стапка, пренесува „MarketWatch“. Банката е загрижена за инфлацијата и затоа е се одлучи на овој чекор.

Централната банка на Исланд ја намали каматната стапка по 7-дневните депозити до 5,25% од 5,75%. Ова е прво намалување од декември 2014-та година.

Централните банкари велат дека инфлацијата останува под нивната цел веќе две и пол години. Во јули инфлацијата се забави до 1,1%, што е најниско ниво од почетокот на 2015-та година.

„Подобрените комерцијални услови, ниската инфлација во глобален план, затегнатата монетарна политика и поскапувањето на круната ги засенија ефектите од растот на платите врз ценовното ниво“, посочуваат банкарите.

Круната поскапува постепено во последно време покрај значителните набавки на странска валута од централната банка.

Курсот на Круната се намали по пораката, па еден долар се купува за 116,79 круни или околу 116,74 круни пред одлуката.

Измената на референтната каматна стапка и инфлацијата во последните 5 години:

embed

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП