
На 27-ми август, в сабота, во периодот од 23 до 02 часот по полноќ ќе се спроведе вонредна терестрична (од земја) дезинсекција против комарци на територијата зафатена со поплавата што се случи на 6-ти август годинава, односно во населените места Смилковци, Сингелиќ, Стајковци, Економија, Арачиново, Брњарци, Инџиково, Црешево, Виниче, Камник и Ченто.
