9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХонконг ја загуби титулата најголем пазар на луксузни часовници

Хонконг ја загуби титулата најголем пазар на луксузни часовници

caski333

Хонгконг ја загуби титулата на најголемиот пазар на луксузни часовници во светот, откако беше надминат од САД. Тој е најновата жртва на речиси едногодишниот пад на светскиот извоз на швајцарски часовници, бидејќи потрошувачите одбиваат да купуваат од најскапите додатоци.

Во Хонгконг извозот на швајцарски часовници се намалил за близу 33% во јули, во споредба со 14% падот на глобално ниво во однос на една година порано. Во САД падот е 14,7%, а вкупниот извоз на швајцарски часовници во земјата достигна 178,5 милиони швајцарски франци (185 милиони долари).

Овој на Хонгконг паднал под 175 милиони швајцарски франци во јули, под близу 260-те милиони швајцарски франци година, една година порано, покажува статистика на Федерацијата на индустријата за швајцарски часовници.

„Богатите Кинези веќе не сакаат луксузни часовници“, коментира Шон Рејн, основач на „China Market Research Group“, која ги советува „high-end“ брендовите.

„Новиот луксуз е да одиш на сафари во Боцвана и скокаш во Нов Зеланд. Веќе не е да носиш часовник од 5.000 или 15.000 долари“.

Хонгконг одамна е топ пазар за луксузни часовници, но продажбата беше погодена сериозно од силниот хонконгшки долар и од антикорупциската кампања на владата.

За да се стимулира продажбата и да ги смират трговците, производителите на луксузни часовници, вклучувајќи ги „Cartier“ и „Tag Heuer“, ги повлекуваат слабо продаваните скапи часовници, за да направат место за поевтини производи, кои се продаваат побрзо.

Луксузните брендови под капата на гиганти како „Cie. Financiere Richemont“, „LVMH Moet Hennessy Louis Vuitton“ и „Swatch Group“ истовремено пуштаат подостапни верзии на своите часовници, додека украсените со дијаманти модели отстапуваат место на такви од нерѓосувачки челик пример.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП