7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовторно порасна куповната моќ на Австријците, но сепак не се први во...

Повторно порасна куповната моќ на Австријците, но сепак не се први во ЕУ

паре-,-маре

Куповната моќ на Австријците повторно порасна и во минатата година секој Австриец во просек располагал со 277 евра повеќе отколку во претходната година, односно со вкупно 20.646 евра.

Ако се земе во предвид инфлацијата, тоа било за околу девет евра месечно повеќе, покажуваат податоците на “RegioData” во студијата за куповната моќ.

Во споредба со другите европски земји, Австрија паднала од шестото на осмото место, а ја надминале Данска и Исланд.

На врвот на листата е Швајцарија, која поради зајакнувањето на франкот, го претекна Луксембург.

Швајцарците располагаат со просечна куповна моќ од 39.000 евра, а граѓаните на Луксембург со нешто повеќе од 33.000 евра, а веднаш зад нив се Норвежаните и Британците.

Што се однесува на австриската провинција, Салцбург ја претекна Долна Австрија и води со куповна моќ од 21,378 евра.

Жителите на Виена минатата година имале куповна моќ од 20,908 евра, што значи дека кај нив не е забележан раст на куповна моќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП