9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHP разочара со својата нова прогноза

HP разочара со својата нова прогноза

hp linux

„HP Inc.“, која продава персонални компјутери и печатари, прогнозира профит за четвртото фискално тримесечје, кој може да биде под очекувањата на аналитичарите. Ова се должи на слабата побарувачка на нејзините производи, пишува „Bloomberg“.

Профитот од континуираните операции, а се исклучат некои елементи ќе достигне 34-37 центи по акција во тековното тримесечје, објави „HP“ во соопштението. Од своја страна, аналитичарите предвидуваат 40 центи по акција.

За третото фискално тримесечје, што заврши на 31-ви јули, компанијата забележа профит пред одредени елементи од 48 центи по акција, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите за 45 центи по акција, покажуваат податоците собрани од „Bloomberg“.

Приходите од продажба се намалени за 3,8% до 11,9 милијарди долари, додека прогнозата беше за 11,5 милијарди долари.

Главниот извршен директор Дион Вaјзлер инвестира во „high-end“ производи, за да помогне за унапредување на профитабилност, додека компанијата работи на „зрели“ пазари кои не растат.

Во изминатото тримесечје оперативната маргина е зголемена до 9,4% од 8,1% од пред една година. Минатата година компанијата се оддели од „Hewlett Packard Enterprise“, која се фокусира на софтвер и хардвер за корпоративни клиенти.

Според зборовите на извршниот директор на компанијата, тој знае дека има уште многу работа, но тимот се подготвува добро за справувањето со овој предизвик.

Продажбата на персонални системи, вклучувајќи ги компјутерите, достигнаа 7,5 милијарди долари, што значи дека не се променети во однос на една година порано. Но тие бележат пад од 10% во однос на вториот квартал. Корпоративната продажба се намали за 3%, додека корисничкиот бизнис забележа раст од 8 отсто во делот за персонални системи.

Приходите од принтерите паднаа за 14% до 4,4 милијарди долари, во споредба со падот од 16% во минатото тримесечје.

„HP“ предвидува дека нејзиниот годишен профит, ако се исклучат некои елементи ќе достигне 1,59 до 1,62 долари по акција. Аналитичарите очекуваат 1,62 долари по акција.

„Brexit“ исто носи грижи за компанијата, вели главниот финансиски директор Кети Лесјак. Одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ може да донесе нови предизвици за „HP Inc.“ во иднина.

Истовремено течат процесите на преструктуирање, планирани за оваа фискална година, вклучувајќи намалување на 3.000 работни места, најави таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП