
Четири големи светски банки решија да ги здружат силите со цел да изградат нов стандард кој би ги забрзал трансакциите.


Четири големи светски банки решија да ги здружат силите со цел да изградат нов стандард кој би ги забрзал трансакциите.
Дигиталните криптовалути би можеле да станат иднината на парите – изгледа дека банките дури сега полека ја прифаќаат таа реалност.
Сега овие четири банкарски гиганти го покренаа проектот со цел да направат сопствена криптовалута, врз основа на “blockchain” технологијта, како и биткоинот.
Швајцарскиот UBS, германската Deutsche Bank, британскиот Santander и американската Bank of New York ги здружија силите и сметаат дека новата криптовалута ќе ја стартуваат веќе на почетокот на 2018 година.
Со новата валута значително би се забрзал протокот на пари меѓу банките, а и заштедите би биле значајни.