5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКатарскиот државен фонд купи удел од Empire State Building

Катарскиот државен фонд купи удел од Empire State Building

empire 333

Катарскиот државен инвестициски фонд стекна удел во компанијата сопственик на „Empire State Building“.

Информацијата беше соопштена од доверителското друштво „Empire State Realty Trust Inc“, кое што управува со облакодерот.

Договорот за трансфер на 9,9% од компанијата се проценува на 622 милиони долари.

Организацијата поседува уште 14 згради и шест трговски имотот во реонот на Њујорк, информира „AP“. Катарскиот државен фонд, исто така поседува и над 10% од њујоршкиот златар „Tiffany & Co“.

Во март Фондот го продаде својот удел во филмското студио „Miramax“ на катарската медиумска група „beIN“.

Според последните податоци средства под управување на Фондот изнесуваат 335 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП