18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПолскиот автор Мариуш Шчигел гостува во Скопје

Полскиот автор Мариуш Шчигел гостува во Скопје

shcigel 33

Денеска, 25-ти август, во 21 часот во клубот „Ла Кања“ во скопската Стара чаршија ќе се одржи промоцијата на книгата „Готленд“ со гостување на полскиот автор Мариуш Шчигел.

Промотори на книгата ќе бидат Сашо Кокаланов и Звездан Георгијевски, а за музиката ќе биде задолжен Костадин Шурбановски. Се работи за 127-ти издание во популарната едиција ПРОаЗА на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ, чие издавање и гостување на авторот е дел од програмата „Креативна Европа” на Европската унија.

Мариуш Шчигел, роден во 1966 година, полски новинар и писател, добитник на Европската награда за литература во 2009-та. Има објавено шест книги: „Неделата која се случи во среда“ (1996), „На секоја тема – ток шоу за читање“ (заедно со Витолд Ожеховски, 1997), „Готленд“ (2006), „Каприсче. Женски приказни“ (2010), „Направи си рај“ (2010) и „Небесна љубов“ (2012).

Освен тоа, има објавено бројни репортажи во различни антологии. Во 2014 година е одликуван со еден од највисоките ордени – Орденот на полската преродба од Претседателот на државата, Бронислав Коморовски.

„Готленд“ е трогателна приказна за критичкиот ум под стегите на комунистичкиот режим, соочен со апсурдни ситуации, додека приватниот живот перверзно бил искористуван од властите, со цел да биде замолчен.

Главните ликови на „Готленд“ се: основачот на познатата фабрика за чевли „Бата“, славниот естраден пејач Карел Гот, љубовницата на нацистот Гебелс, скулпторот на најголемиот споменик на Сталин во светот, внуката на Кафка, која им го давала своето име на користење на автори ставени на црна листа во комунистичкиот режим за да може и понатаму да издаваат, младото момче кое се самозапалува по угледот на Јан Палах, 30 години по неговата смрт, познатиот чешки драматург Јан Прохаска и многу други.
Книгата има одлична композиција, произлезена од повеќегодишни истражувања, разговори, посети и пишани материјали. Овие репортажи честопати наликуваат на есеи и на раскази. Тоа е продолжение на полската традиционална школа на литературна репортажа, која претставува мешавина на факти, добро изградени ликови, поетски наратив и артистичка рефлексија на одредени настани и ситуации.

Заснован на минуциозни истражувања и стотици интервјуа со сите, од филмски работници, писатели и поп-ѕвезди до обични граѓани, „Готленд“ претставува калеидоскопски приказ на еден истраен народ што преживува тежок, а честопати и бизарен период – подеднакво смешен, вознемирувачки, возбудлив и апсурден, со еден збор… кафкијански.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП