5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМБИ10 ја поместува границата на годишниот максимум

МБИ10 ја поместува границата на годишниот максимум

makedonska-berza

На средината од оваа трговска седмица, учеството на акциите во вкупниот промет изнесуваше 77 отсто наспроти обврзниците чиј удел беше вкупно 23 проценти.

Акција која оствари највисок промет е Комерцијална Банка со промет од 2,6 милиони денари, следена од обврзницата од 15-та емисија, со промет од 1,4 милиони денари.

Ова беа и единствените „милионери” на берзата, додека останатите остварија промет под милион денари.

Само две хартии забележаа пад на вредноста, додека останатите или не ја променија или, пак, имаа позитивен тренд.

Индексот МБИ-10 повторно со пораст од нови 0,32 отсто и го заврши денот со вредност од 1.931,60 индексни поени, додека ОМБ минимално се корегираше за минус 0,02 отсто.

На официјалната страница на Македонската берза за хартии од вредност беше објавени полугодишните неконсолидирани неревидирани финансиски ивештаи на Прилепска Пиварница АД Прилеп. Согласно билансот на успех, сеопфатната добивка за периодот 01.01.2016 до 30.06.2016 изнесува 104 милиони денари. Споредбено со истиот период минатата година, тоа претставува намалување на добивката за 9,8 милиони денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП