11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија се полошо тргува со ЕУ - пад од 50 проценти

Русија се полошо тргува со ЕУ – пад од 50 проценти

182050788057bd5f8d79bbd005354937_w640

Суфицитот на Русија во трговијата со Европската унија е преполовен во првите шест месеци од тековната година во однос на истиот период од 2015 година, на 29,1 милијарди долари.

Во првата половина од минатата година, трговскиот суфицит на Русија во робната размена со ЕУ изнесувал 58,6 милијарди долари, покажуваат објавените податоци на руската царинска служба, пренесува агенцијата Тас.

Надворешно-трговската размена на Руската Федерација и членките на ЕУ падна за 32,2 милијарди долари, на 1,4 милијарди долари во првото полугодие во оваа година во однос на 123,7 милијарди долари во истиот период минатата година, се наведува во извештајот на царинската служба.

Увозот од ЕУ во Русија изнесувал 31,1 милијарди долари, што е за 1,3 милијарди долари помалку, додека вредноста на рускиот извоз во ЕУ изнесувала 60,3 милијарди долари, што е за 30,8 милијарди долари помалку во однос на истиот период минатата година.

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека полугодишните буџетски приходи на Русија се за 11 проценти пониски од очекувањата, како и дека буџетскиот дефицит ќе биде над 3 проценти од БДП доколку цената на нафтата биде под 50 долари за барел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП