6 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBrexit може да ги намали даночните приходи на Шкотска за 13%

Brexit може да ги намали даночните приходи на Шкотска за 13%

nikola skotska

Излегувањето на Велика Британија од Европската унија (ЕУ) ќе и наштети на шкотската економија и може да ги намали даночните приходи до 13% до 2030-та година, објави администрацијата на првиот министер Никола Стургон, цитирана од „Bloomberg“.

Во зависност од она што ќе го склучи во трговските договори Обединетото Кралство со останатите 27 земји членки на ЕУ, шкотскиот бруто домашен производ може да биде до 11,2 милијарди фунти (14,8 милијарди долари) помалку годишно, отколку што би бил, ако земјата останеше во ЕУ. Извештајот на шкотската влада се потпира на неколку други студии. Ова, за возврат ќе доведе до намалување на даночните приходи во износ од 3,7 милијарди фунти годишно.

„Единствениот начин да ја заштитиме шкотската економија и категорично предностите кои доаѓаат со членството во најголемиот единствен пазар, е да работиме за да ги заштитиме врската со ЕУ“, вели Стургон во соопштението.

„Мојата влада е апсолутно решена да ја бара секоја можна варијанта“, вели таа.

Стургон не ја исклучува можноста за одржување на втор референдум за независност на Шкотска, за да ја задржи во рамките на ЕУ. На референдумот населението на Шкотска категорично го поддржи останувањето на Велика Британија во Унијата. За време на гласањето во септември 2014-та година, 55% од Шкотите гласаа за останување во Велика Британија, а 45% го напуштат кралството, потсетува „Bloomberg“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП