21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБил Гејтс „тежи“ 90 милијарди долари

Бил Гејтс „тежи“ 90 милијарди долари

bil pari2 2

Бил Гејтс, најбогатиот човек во светот, оваа година дополнително го зголемил своето богатство и најверојатно наредната година ќе ја пробие границата од 100 милијарди долари.

Богатството на Гејтс, според Bloomberg изнесува 90 милијарди долари, а зголемувањето се должи на растот на акциите на компаниите Canadian National Railway Company и Ecolab.

Гејт за само осум месеци своето богатство го зголемил за 15 милијарди долари.

Како што е познато Бил Гејтс е голем филантроп, кој има донирано значителни парични средства преку својата фондација Bill and Melinda Gates Foundation. Иако „тежи“ 90 милијарди долари, тој најавува дека по смртта најголем дел од богатството ќе донира во хуманитарни цели.

Втор според богатството е мексиканскиот бизнисмен Карлос Слим чие богатство се проценува на 76 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП