7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРазновидна побарувачка на пазарот за хартии од вредност

Разновидна побарувачка на пазарот за хартии од вредност

mk berza

Вторнички обврзниците го зголемија своето учество на пазарот на хартии од вредност, благодарение на РМДЕН15, додека од акциите најголем промет оствари акцијата на Алкалоид АД Скопје.

Индексот МБИ-10 е во континуиран пораст и седмицава уште еднаш го надмина својот овогодишен максимум. Во вторникот забележа пораст од нови 0,34 отсто и го заврши денот со вредност од 1.925,38 индексни поени, додека ОМБ минимално се коригираше за +0,01 проценти.

Трговскиот ден беше одбележан со тргување со поголема палета на хартии од вредност, односно имаше интерес за поголем борј хартии освен најчесто тргуваните.

Акцијата на РЖ Услуги, значително ја зголеми својата вредност (+19,40 отсто) преку 662 истргувани лотови.

Денот заврши со промет од 4,7 милиони денари реализирани преку 54 трансакции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП