26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкепсата пред говорот на американската гувернерка благо го притисна доларот

Скепсата пред говорот на американската гувернерка благо го притисна доларот

валутки

Американскиот долар во вторникот благо ослабе во однос на еврото и јенот на меѓународните пазари на валутите, како резултат на скепсата која преовладува меѓу вложувачите во поглед на подигнувањето на каматните стапки во САД пред говорот на гувернерката на американската централна банка Federal Reserve (Fed), Џенет Јелен во Џексон Хол.

Еврото во однос на доларот зајакна за благи 0,1 отсто, на 1.1332 долари. Американската валута беше во минус и во однос на јапонската, и тоа за 0,2 отсто, па со доларот се тргуваше по 100, 165 јени.

Индексот на доларот кој ја мери вредноста на американската валута кон кошницата од другите шест клучни валути од земјите најголеми трговски партнери на САД, исто така, се лизна за 0,1 отсто, на 94,411 индексни поени, приближувајќи се на најниското ниво во последните две седмица од 49,077 поени, забележани минатата седмица.

Меѓу вложувачите по индивидуалните истапувања на некои од челниците на Fed за подигнувањето на клучните каматни стапки во САД до крајот на годинава, сепак, надвладуваше скепсата пред говорот на гувернерката Јелен на годишниот неформален собир на челниците на значајните централни банки во светот во Џексон Хол.

Меѓу другите валути од развиените земји во вторникот се издвои новозеландскиот долар, кој кон американскиот скокна дури за 1 отсто, на 73,40 американски центи, откако гувернерот Греам Вилер изјави дека смета оти нема потреба од интензивен циклус на намалување на клучните каматни стапки во куси временски интервали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП