Почетокот на трговската седмица донесе повисок промет од вообичаениот, додека бројот на трансакции не беше значително зголемен.
Вкупниот промет по затварањето на трговскиот ден во понеделникот изнесуваше околу 14,7 милиони денари реализирани преку 43 трансакции од кои 4 беа реализирани со обврзници, додека остатокот со акции.
Индексот МБИ-10 по достигнувањето на годишниот максимум оваа година и неколкудневниот пораст минатата седмица, во понеделникот забележа незначителен пад од 0,02 отсто и го заврши денот со вредност од 1.918,82 индексни поени, додека ОМБ забележа пораст од 0,04 отсто.
Трговскиот ден беше отворен со блок трансакција со акциите на Комерцијална Банка. Блокот беше реализиран преку 3.252 акции по цена од 2.330,00 денари. На редовниот пазар се истргуваа дополнителни 40 акции.
Со тоа оваа акција ја предводеше листата со најголем обрт (7,7 милиони денари), следена од обврзницата од 15тата емисија со вкупно реализиран промет од 2,2 милиони денари и акцијата на „Раде Кончар“ со вкупен промет од 1,5 милиони денари со која беше реализирана втората блок трансакција на МСЕ вчера.