18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБерлин ја загуби титулата европска престолнина на технолошките стартапи

Берлин ја загуби титулата европска престолнина на технолошките стартапи

berlin

Германската стартап сцена успеала да привлече во првото полугодие oд 2016-та година значително помалку средства од донатори, отколку пред една година.

Од речиси 2 милијарди евра пред една година сега сумата се намалува за 52% до 957 милиони евра, станува јасно од истражувањето „Start-up Barometer“ на ревизорската и консултантската компанија „Ernst & Young“, кое се базира на анализа на инвестициите на капитал во Европа. Во исто време, бројот на финансирања се зголемува за 60 отсто.

Затоа не е чудно што кон средината на годината Берлин ја загуби титулата на главен град на европските технолошки стартапи. Во првите шест месеци од годината, градот успеал да привлече „само“ 520 милиони евра. Со инвестицискиот волумен од 1,32 милијарди евра лидер во овој поглед е Лондон, а на второ место (пред се поради инвестициите поврзани со „Spotify“), e Стокхолм (1,011 милијарди евра), следен од Париз со 673 милиони евра. Така оваа година сите тие го надмина Берлин, кој беше првак во минатата година.

Најголемата трансакција на капитал во Европа била инвестицијата во „Spotify“ од 900 милиони евра во март. Потоа е инвестицијата од 177 милиони евра во британската „Skyscanner“ во јануари, како и инвестицијата од 154 милиони евра во ирската „Future Finance Loan“ извршена во март. Следат вложувања се во шпанската „Cabify“ од 105 милиони евра и во француската „Deezer“ за 100 милиони евра, реализирана во јануари.

Значителен пад се забележува во бројот на малите и големите финансирање (над 50 милиони евра), додека бројот на средните финансирање (од 10 до 50 милиони евра) имаат отскокнување од една четвртина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП