3 јули, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault го пензионираше Megane RS

Renault го пензионираше Megane RS

cao megan33

Официјално беше ставен крај на најбрзиот модел во палетата на „Renault“. „Megane RS“ се произведуваше цели 7 години, а сега треба да отстапи место на својот наследник.

„Megane RS X95“, како што е познат моделот, дебитираше за време на стартот од Формула 1 во Монако во 2009-та година. Во својот животен циклус контроверзниот хечбек освои бројни рекорди, така што реализираше над 30.000 продадени примероци во повеќе од 30 земји ширум светот.

Неговиот наследник веќе се подготвува од „Renault Sport“, а треба да се појави пред публика веќе следната година. Тој ќе ја користи основата на новата генерација „Megane“ која француската марка ја воведе на пазарот кон крајот на минатата година.

Следниот „Megane RS“ ќе биде дури побрз, а една од главните задачи ќе биде да ја врати титулата „Најбрз сериски автомобил со преден погон на Нирбургринг“. Наградата ја поседуваше и претходниот „Megane RS“, но во 2015-та година хегемонијата на францускиот хечбек беше прекината од „Seat Leon Cupra 280“. Потоа титулата помина низ „Renault“ и „Honda“, а сега е во сопственост на „VW Golf GTI Clubsport S“.

За зголемената динамика на следниот „Megane RS“ ќе помага не само новата платформа која обезбедува поголема цврстина и мала тежина. Хечбекот најверојатно ќе добие шасија со 4 тркала која дебитираше кај „Megane GT“. Моторот исто така ќе биде нов, а моќта ќе надмине 300 КС.

Новиот „Megane RS“ треба да биде прикажан во 2017-та година, а неговата продажба ќе започне во 2018-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП