19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа пет години цените во Русија забележале раст од 50%

За пет години цените во Русија забележале раст од 50%

moskva 3773

За пет години од 2012-та до 2016-та година цените во Русија пораснале за 50%. Така на закажана за септември средба на „G20“, руската економија ќе биде во улога на „грдото пајче“, пишува „Независимаја газета“ повикувајќи се на податоци од државната статистичка служба „Росстат“.

Според изданието за последните пет години земјата забележува многу високи стапки на инфлација и истовремено ниски стапки на економски раст.

При управувањето со Дмитриј Медведев, руската економија порасна за 1%.

Весникот забележува дека државната статистика ја споредува земјата со големите светски економии и според податоците во јуни во Русија инфлацијата на годишно ниво е 7,5%. За истиот период цените во Бразил оствариле раст од 8,8%, во ЈАР од 6,5%, а во Индија од 6,1%.

Сепак како целина Русија е апсолутен лидер според растот на потрошувачките цени. Од 2012-та до 2016-та година цените растат за 50%. Во Бразил за овој период растот е 41%, во Индија е 45%, во ЈАР е 32%. Во Франција, Јапонија, Германија и Италија за последните 5 години акумулираната инфлација не надминува 5%.

Некои експерти го поврзуваат растот на инфлацијата со тековната транзиција од планираната економија кон пазарна.

Други пак, како професорот во Академијата на народното стопанство Сергеј Хестанов, тврдат дека високата инфлација е последица од производите во количката на просечниот потрошувач, од кои една третина се увезени стоки. Така при девалвацијата на рубљата се забележува значителен пораст на цените. Влијание имаат и тарифите на природните монополи, кои иако го ограничиле зголемувањето во последните две години, а кои пред тоа биле поголеми.

Весникот забележува дека на крајот на вториот квартал од 2016-та година економијата на Индија остварила раст од 8% на годишна основа. За овој период руската економија се намалила за 0,6%.

За пет години БДП-то на Индија порасна за 39%, а на Русија само со еден процент.

Полошо од Русија по растот на БДП-то е само Бразил каде оди процес на импичмент на претседателот. На крајот на петгодишниот период бразилската економија отстапува со 3,8%.

За пет години во Русија е означен раст на индустриското производство од 2,3%. На крајот на првото полугодие индустрија расте за 0,4%. За споредба индустрија на Италија на крајот на првото полугодие се зголемила за 0,8%, а во Бразил е забележано намалување од скоро 10%.

Економистите сепак очекуваат раст на БДП-то во 2017-та година и во Русија (1-2%), и во Бразил, забележува „Независниот газета“ цитирајќи ги проценките на „Moody’s“.

Аналитичарите истакнуваат дека индустриското производство добило од процесот на замена на извозот, особено индустриите како земјоделство и хемиската индустрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП