26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКучи-Дукс: Македонија и Унгарија со интензивна економска соработка

Кучи-Дукс: Македонија и Унгарија со интензивна економска соработка

kuci 3777

Министерот за економија Дритон Кучи во понеделникот оствари средба со новиот амбасадор на Унгарија во Македонија, Ласло Иштван Дукс, со кого се согласија дека Македонија и Унгарија имаат интензивна економска соработка особено по потпишувањето на Договорот за економска соработка, што се потврдува преку одржување на три седници на Мешовитата комисија по истиот Договор. 

Во текот на состанокот амбасадорот Дукс го информира министерот за заинтересираноста на една голема унгарска државна компанија да го изгради далновод Битола – Елбасан, како и за изградбата на рајскиот парк во Скопје.

Амбасадорот Дукс, најави пуштање на директна авионска линија Будимпешта – Скопје – Будимпешта преку нискобуџетната авио компанија „Визер“.

Македонија и Унгарија досега одржаа три седници на мешовити комисии, а се одржа и бизнис форум согласно Меморандумот за соработка што го потпишаа агенциите за инвестиции на двете земји. Покрај тоа, беа потпишани и три нови меморандума за продлабочување на соработката во областа на културата, образованието и управувањето со води.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП