18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку изнесуваат исплатените дивиденди во светот во вториот квартал?

Колку изнесуваат исплатените дивиденди во светот во вториот квартал?

dividendi 335005

Дивидендите исплатени во целиот свет меѓу април и јуни, им донесоа 372 милијарди евра на акционерите, покажува истражувањето објавено од страна на компанијата „Henderson Global Investors“.

Тоа е зголемување за 8,5 милијарди евра во споредба со вториот квартал од 2015-та година. Зголемувањето е помалку отколку во првиот квартал поради скромните резултати во САД, прецизира „Henderson“. Американскиот придонес кон вкупниот износ е намален и е најслабиот од 2013-та година.

„Објаснувањето е во солидните позиции на доларот“, пишува „Henderson Global Investors“.

Во првото тримесечје од 2016-та година исплатени дивиденди во светот од страна на компаниите кои се претставени на берзите, пораснаа за 2,2%, достигнувајќи 218.4 милијарди долари (196 милијарди евра), покажува истражувањето објавено на 23-ти мај од „Henderson GI“.

Компанијата наведува дека Јапонија, Северна Америка и Европа се на чело на листата за најмногу исплатени дивиденди. Иако во Европа растот на дивидендите останал доста понизок отколку во останатиот дел од светот во првите шест месеци од годинава, регистрираното подобрување во 2015-та година треба да продолжи и оваа година, смета „Henderson GI“. Во првото тримесечје дивидендите исплатени на Стариот континент, се зголемени за 10,8%.

Од „Henderson GI“ прогнозираат дека во текот на целата 2016-та година дивидендите ќе се зголемат за 3,9%, достигнувајќи 1,18 илјади милијарди долари. За целите на истражувањето „Henderson“ го анализира секоја година исплатените дивиденди од 1200-те најголеми компании од гледна точка на акции капитализација до 31-ви декември изминатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП