2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРотшилд: Во тек е најголемиот финансиски експеримент во историјата

Ротшилд: Во тек е најголемиот финансиски експеримент во историјата

toto

Ниски каматни стапки, ниски приноси на државни обврзници и квантитативно олеснување се дел од најголемиот финансиски експеримент во светската историја, а последиците од тој експеримент се непредвиливи, рече шефот на “RIT Capital Partners”, лордот Јакоб Ротшилд.

“Во период од шест месеци кои ги проучувавме, покажува дека централните банки вршат најголем експеримент на монетарната политика во светска историја. Се наоѓаме во непознати околности – невозможно е да се предвиди влијанието на ниските каматни стапки, ниските приноси на државните обврзници и големото квантитативно олеснување”, пишува Ротшилд на клиентите на својата компанија во најновиот полугодишен финансиски извештај.

Ротшилд предупреди дека таквата политика веќе довела до голем раст на пазарите на акции и дека американските акции оствариле троструко зголемување од 2008 година, како инвестициите пораснале и како волатилноста останала ниска.

Меѓутоа, во реалниот сектор на економијата не е постигнат таков профит, Ротшилд предупредува дека растот во тој сектор е “анемичен” како што е слаба побарувачка и дека дефлацијата е присутна во многу делови на развиениот свет.

Милијардерот предупреди на економските ризици кои произлегуваат од глобалната геополитичка состојба, наведувајки го Брегзит, американските претседателски избори и бавниот економски раст во Кина, како инекои фактори на несигурност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП